Стоматолошка ординација Естетик

Најширок спектар на стоматолошки услуги со најсовремени техники и материјали од светски реномирани брендови, а сето тоа во пријатен амбиент. Наша цел е да ви помогнеме да ја добиете насмевката која од секогаш сте ја посакувале на најбрз и безболен начин по пристапни цени.

Др. Мартин Хаџи Наумов

Др.Мартин Хаџи Наумов е роден 1983 година во Велес. Основно образование завршува во Велес во ОУ Блаже Конески. Средно образование завршува во Скопје во ДСМУ Др. Панче Караѓозов на смер забен техничар. Во 2001 година се запишува на стоматолошкиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје каде дипломира во 2007 година. По завршување на стажот работи во приватна ординација како стоматолог, додека пак во 2011 година ја отвара својата приватна ординација ПЗУ Естетик каде работи како матичен стоматолог. Во 2014 година започнува специјализација по ортодонција при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, која се спроведува на клиниката за ортодонција при стоматолошкиот клинички центар Свети Пантелејмон во Скопје. Специјализација ја завршува 2017 година и се стекнува со титулата Специјалист по ортодонција. Редовен учесник на стручни семинари и симпозиуми, како домашни, така и меѓународни од областа на стоматологијата и ортодонцијата. Работи со класичната ортодонтска терапија, како и со пасивниот самолигирачки Damon system кој е прифатен со задоволството од нашите пациенти, овозможувајки им третман кој користи континуирани, умерени и благи сили кои овозможуваат придвижување на забот со целата своја должина, третман без рецидиви, скоро неекстракционен и сето тоа за 30% пократко од времетраењето на класичниот третман и контроли на 2-3 месеци, овозможен од терапија со Damon system! Системот постои веке 20 години, го користат 4000 ортодонти во светот и досега се третирани 1.500.000 задоволни пациенти.

1983

Живот и образование

Др.Мартин Хаџи Наумов е роден 1983 година во Велес.
2001

Средно училиште

Средно образование завршува во Скопје во ДСМУ Др.Панче Караѓозов на смер забен техничар.
2007

Факултет

Во 2001 година се запишува на СТОМТОЛОШКИОТ факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, кој го завршува во 2007.
2007

Работа

По завршување на стажот работи во приватна ординација како стоматолог.
2011

Своја приватна ординација

Во 2011 година ја отвара својата приватната ординација ПЗУ Естетик каде работи како матичен стоматолог.
2014

Специјализација

Во 2014 година започнува специјализација по ортодонција при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, која ја завршил во 2017 година и се спроведувала на клиниката за ортодонција при СТОМТОЛОШКИОТ клинички ЦЕНТАР Свети Пантелејмон во Скопје.

043 231 701

Стоматолошка ординација Естетик

078/216-529

Др.Мартин Хаџи Наумов

Закажете термин

pzuestetikdrmartin@yahoo.com

АДРЕСА

Димитар Влахов 27 Велес, Македонија